«Назад

Втор конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државнaта управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), врз основа на член 49 став 5 од Законот за студентски стандард (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13, 120/13, 41/14,146/15, 30/16 и 178/16) и Решението за распишување на Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2016/2017 година бр.23-175/2 од 28.02.2017 година, Министерството за образование и наука, распишува

ВТОР КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2016/2017 година

Министерството за образование и наука за студиската 2016/2017 година со вториот конкурс ќе додели вкупно 26 (дваесет и шест) стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македoнија.

I. НАЧИНИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИТЕ ЗА СТУДЕНТИ РОМИ

Стипендиите за студентите Роми ќе се доделат на следниот начин:
1. 13 (тринаесет) стипендии ќе се доделат за студенти Роми кои се запишани во прва година на студии во јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2016/2017 година;
2. 13 (тринаесет) стипендии ќе се доделат за студенти Роми кои се запишани во останатите студиски години во јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2016/2017 година.

II. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ

Право на стипендија имаат редовните студенти запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовните установи во Република Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:
1. Да се припадници на Ромската етничка заедница;
2. Да се државјани на Република Македонија;
3. Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.

III. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ

Стипендиите за студенти Роми ќе се доделат согласно следните критериуми:
1. Средниот успех на кандидатот од сите четири години од средното образование за студентите кои се запишани во прва година на студии;
2. Средниот успех од сите претходни студиски години за студентите кои студираат во сите останати години;
3. Да се редовни студенти на некој од јавните или приватните факултети во Република Македонија за студиската 2016/2017 година;
4. Студентите кои во студиската 2015/2016 година биле корисници на стипендија од Министерството за образование и наука, а не запишале нареден семестар или повисока студиска година, немаат право на стипендија во академската 2016/2017 година.


IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата изнесува 5,000 денари месечно за девет месеци во текот на една студиска година.

V. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Кандидатите кои се пријавуваат по Вториот Конкурс, потребно е до Министерството за образование и наука/Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54 – Скопје, најдоцна до 07.03.2017 година да ги достават следните документи:

1. Кандидатите кои аплицирале на првиот Конкурс за доделување на стипендии на студенти Роми за академската 2016/17 година, за да аплицираат повторно потребно е да достават само Пријава по вториот Конкурс за стипендирање на студенти Роми од јавните и приватните универзитети и високообразовни институции и установи;

2. Кандидатите кои за прв пат аплицираат по вториот Конкурс потребно е да ги достават следните документи:

A) За студенти запишани во 1ва студиска година потребни се следните документи:

1. Барање за стипендирање на студенти Роми 
2. Пријава за стипендирање на студенти Роми 
3. Потврда за редовен студент во студиската 2016/17;
4. Копии од свидетелства од сите 4 години од средно образование заверени на нотар;
5. Изјава дека кандидатот е припадник на ромската етничка заедница 
6. Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија 
7.Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот за потребите на Министерството за образование и наука 
8. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија;
9. Копија од трансакциска сметка на име на студентот.

Б) За студентите од сите останати студиски години, потребни се следните документи:

1. Барање за стипендирање на студенти Роми 
2. Пријава за стипендирање на студенти Роми 
3. Потврда за редовен студент во студиската 2016/17;
4. Копија од индекс;
5. Уверение за положени испити (оригинал или копија заверена на нотар);
6. Изјава дека кандидатот е припадник на ромската етничка заедница 
7. Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија 
8.Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот за потребите на Министерството за образование и наука 
9. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија;
10. Копија од трансакциска сметка на име на студентот.

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува во процесот и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.

Следно
Коментари
Trackback URL:

Уште нема коментари. Бидете прв.

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 20 резултати.
на 4

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области