«Назад

Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државнaта управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), врз основа на член 49 од Законот за студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16 и 178/16) и Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/13), Mинистерството за образование и наука распишува

 

КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија 
за студиската 2016/2017 година

 

Министерството за образование и наука за студиската 2016/2017 година ќе додели стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и тоа по следните групи:

а) Прва група – 1.500 стипендии за студенти од социјални категории;
б) Втора група:
- 630 стипендии (590 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 40 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9,00 просечен успех;
- 125 стипендии (105 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 20 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на студиски програми по информатика кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 9,00 просечен успех;
в) Трета група – 530 стипендии (500 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 30 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех.
- 105 стипендии (70 стипендии за студенти од македонската заедница запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи), кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех а се запишани на студиски програми по хемија, физика и математика и тоа:
- 20 стипендии на студиите по хемија,
- 20 стипендии на студиите по физика,
- 30 стипендии на студиите по математика и 
(35 стипендии за студенти од припадници на заедниците кои не претставуваат мнозинство во Република Македонија запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи), кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех а се запишани на студиски програми по хемија, физика и математика и тоа:
- 10 стипендии на студиите по хемија,
- 10 стипендии на студиите по физика,
- 15 стипендии на студиите по математика.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:
1. да се редовни студенти;
2. да не повторувале година во текот на студирањето;
3. да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании;
4. да се државјани на Република Македонија.

Критериуми за доделување на стипендиите се:

а) Прва група - стипендии за студенти од социјални категории

1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2016/2017 година за сите студиски програми. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 20 бодови.
2. Студентите на техничките факултети и медицинските науки добиваат дополнителни 10 бодови.
3. За критериумот материјални можности на студентите и нивното потесно семејство, се земаат вкупните месечни примања по член на семејството на студентот (месечните нето плати и годишните приходи по разни основи прикажани во образецот од Управа за јавни приходи – приходи: од вршење на земјоделска дејност, од вршење на стопанска дејност, од вршење на самостојна дејност, од имот и имотни права, од авторски права и права на индустриска сопственост, од дивиденди, од остварени капитални добивки, од добивки од игри на среќа и други приходи). По основ на овој критериум се добива најмногу 60 бодови. 
4. Дополнителни 10 бодови добиваат студенти деца на самохран родител, студенти деца на невработени родители, студенти деца без родители и родителска грижа, студенти деца со посебни потреби и студенти деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Македонија.
5. Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.
6. Документите на студентите, кои ќе освојат 0 бодови по основ на критериумот материјални можности (прикажани во точката 3 на оваа група), нема да се разгледуваат.

б) Втора група - стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето

1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2016/2017 година за сите студиски програми. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 100 бодови.
2. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 90 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само еден испит помалку од вкупно предвидениот број на испити.
3. Доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од приватните универзитети и високообразовни установи и обратно, доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од јавните универзитети и високообразовни установи.

в) Трета група - стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки

1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2016/2017 година. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 100 бодови. 
2. Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.
3. Доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од приватните универзитети и високообразовни установи и обратно, доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од јавните универзитети и високообразовни установи.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk почнувајќи од 31.10.2016 година до 13.11.2016 година.
Препорачливо е пред електронското пријавување, кандидатите да ги комплетираат потребни документи согласно стипендијата за која аплицираат, за да можат во електронската пријава да ги внесуваат точните податоци од документите . 
За студентите кои се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава.

III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ

Студентите, кои електронски се пријавиле по конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, од 21.11.2016 година до 16.12.2016 година, во избраниот термин, да ги донесат следните документи:

1. Евидентен лист, објавен на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk;
2. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2016/2017 година;
3. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
4. Уверение со бројот на предвидените и положени испити од претходните години;
5. заверен образец “УППИ во форма и содржина објавен на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk;
6. Документи за утврдување на материјалната состојба на кандидатот:
• За вработените членови на семејството да се достават потврди за остварена плата за месец септември 2016 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата за оваа година (за родителите-старатели, брат/сестра кои се вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели, брат/сестра кои се вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата како и заверена декларација за прием на платата);
• За разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;
• За корисници на социјална помош да се доставува последно решение или последен чек;
• За инвалидитет да се достави наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој и 
• За браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција.
7. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk;
8. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk;
9. Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk.
10. Индекс на увид.
Кандидатите кои се пријавуваат за стипендија од прва група ги доставуваат сите документи (од бр.1 - бр.10), додека студентите кои се пријавуваат за стипендија од втората и третата група ги доставуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 7, 8, 9 и 10.
Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.161/16), ќе го обезбеди следните документи:
-Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели, брат/сестра на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
-статус за членовите на потесното семејство на кандитите, од Агенцијата за вработување на Република Македонија;
-за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги; 
-за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

IV. КАНДИДАТИТЕ НЕМА ДА БИДАТ РАНГИРАНИ АКО:

1. Доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена. 
2. Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

V. ОБЈАВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на 10.01.2017 година на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk.

VI. ВИСИНА НА СТИПЕНДИИТЕ

Висината на стипендијата за Прва група - стипендии за студенти од социјални категории изнесува 3.300,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за Втора група - стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година на техничките факултети и медицинските науки од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато од најмалку 9,00 просечен успех изнесува 4.400,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за Втора група - стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето од најмалку 9,00 на студиските програми по информатика изнесува 6.050,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за Трета група - стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки изнесува 3.300,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година. 
Висината на стипендијата за Трета група - стипендии за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика изнесува 18.000,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.

Студентот кој конкурирал за два или повеќе групи на стипендии и ги исполнил условите за добивање, му се доделува стипендијата според приоритетот кој го направил во евидентниот лист.

Стипендијата се доделува за толку семестри за додипломски студии, колку што се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

Изјава за точност и прецизност на податоците

Евидентен лист

Изјава за лични податоци

Изјава дека не сте корисник на друга стипендија

Изјава за семејна положба

Образец УППИ

Следно
Коментари
Trackback URL:

Додади коментар

a za nevraboten roditel kakov dokument treba da se odnese?

Пратено на 19.10.16 15:07.

Прати одговор Најактивни
Кои документи се потребни и како се пополнуваат за студентите к ои по прв пат сезапишуваат оваа година (бруцоши). Благодарам

Пратено на 19.10.16 15:49.

Прати одговор Најактивни
Jas go 4 ta godina ova godina koi dokumenti treba da gi donesam za 2 grupa

Пратено на 19.10.16 16:59.

Прати одговор Најактивни
Почитувани,
Пофалба до стручните служби при министерството за образование и наука за навремено објавување на неколкуте категории на конкурси за ученици и студенти од нашите образовни институции., со забелешка дека во точка VI Цит:Висината на стипендијата за Трета група - стипендии за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика изнесува 18.000,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година., мислам дека ви е поткрадната грешка и е потребно да извршите корекција на износот т.е. висината на стипендијата.и дека согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер а и заради поголема соработка со идните апликанти потребно е да обезбедите тел. број и лице за контакт.
Ви благодарам на отстапениот простор.
Со почит,
Домазетоски Рајко

Пратено на 19.10.16 22:02 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Koi dokumenti se potrebni i kako da aplicirat studenti od prva godina so osvoeni republicki nagradi i ucestvo na megunarodni olimpijadi?
Blagodaram i se nadevam ke dobijam odgovor na vreme

Student prva godina

Пратено на 20.10.16 10:29.

Прати одговор Најактивни
Бидејќи од МОН не се излезени со одговор на некои од претходните прашања да им појаснам на студентите од прва година на универзитетите ширум Република Македонија дека овие студенти немаат право да конкурираат на конкурсот т.е. не се опфатени со истиот, конкурсот е за студентите од втора трета и повисоки години на студии. Овие студенти, како студентот што го испратил претходното прашање погоре како носители на државни и меѓународни награди се ослободени од плаќање партиципација за студирање во првата година на студирање на матичниот факултет, за што се одлучува при уписот на факултет, со можност да не се плаќа партиципација и во погорните години на студии доколку постигне одреден просек на положени испити, кој што го одредува факултетот.
Порака до стручните служби при МОН да бидат малку поажурни во давањето на одговори во врска со поставените прашања во врска со конкурсот со оглед на тоа дека оваа страница е пред се замислена да им се помогне на студентите и сите заинтересирани да дојдат побрзо до права , точна и квалитетна информација, како би можеле да ги подготват документите и навремено да аплицираат.
Ви благодарам на отстапениот простор и мислам дека сугестиите ќе бидат сватени добронамерно.

Пратено на 20.10.16 12:32 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Toa ke go obezbedi MON po sluzbena postapka. Vie treba samo da go navedete toa vo formularite za prijavuvanje i pri elektronskoto prijavuvanje.

Пратено на 20.10.16 16:35 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Dokolku eden kandidat konkurira za dve ili poveke grupi na stipendii, dali se potrebni povekje prijavi ili so edna prijava za site grupi ?
Blagodaram na odgovorot !

Пратено на 20.10.16 16:42.

Прати одговор Најактивни
Не разбирам зошто со овие стипендии не се опфатени студентите од прва година!? Во претходниот пост (не знам дали тоа е официјален став на МОН) се вели дека не се опфатени студентите од прва година,бидејќи (дел од нив) се ослободени од плаќање партиципација. Ослободени од плаќање партиципација може да бидат и студентите од втора или повисока година, па дали и тие студенти немаат право да добијат стипендија!? Мислам дека стипендиите за студенти не се привилегија на студентите од втора или повисока година и заради тоа најдобро е МОН да ги каже условите за студентите од прва година (доколку не може да аплицираат зошто се врши ваква дискриминација на оваа група студенти и врз осонована кој закон).

Пратено на 20.10.16 17:13 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Jas sakam da podnesam dokumeti za socijalna stipendija prva grupa,no problemot e toa sto tatko mi do noemvri e vraboten,a od 1 noemvri ke odi teholoski visok . kakvi dokumenti treba da se dostavat ??

Пратено на 21.10.16 13:51.

Прати одговор Најактивни
Vo evidentniot list kaj sto pisuva potvrda za plata za majka,tatko,brat,sestra sto treba da se navede?Treba da se vadat potvrdi nekakvi za plata?

Пратено на 22.10.16 22:02.

Прати одговор Најактивни
Па како ќе ти даде стипендија кога немаш успех

Пратено на 23.10.16 14:35 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
На секој добронамерник и чесен граѓанин претпоставувам му се превртеа цревата во мигот кога на очиглед на јавноста се појавија сметките кои се трошеле од страна на челниците во образовните институции. Суми за гоштевање, патување, сместување од кои ќе ви се свтри свеста, суми кои не можете ниту да ги изговорите, а камо ли пак да ги поимате. Да бидам иронична, но претпоставувам дека кога патувале морале да спијат во најлуксузни хотели, опремени со софистициран мебел и гламурозна постелнина, се со цел да имаат мирен и пријатен сон за да утрото им биде бистро и да можат целосно да се посветат на новите образовни технологии кои нели треба да ги научат на патувањето. Или мораат да јадат само кавијар и да пијат најскап шампањ бидејќи лесно ќе им се свари храната и нема да им се преврти желудникот доколку добијат некоја критика за неспроведените образовни реформи.

Пратено на 23.10.16 21:42 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Гледајќи ги претходните коментари и прашања кои што ги поставуваат посетителите на оваа страница, би напоменал дека овој конкурс не се однесува за студентите од прва година на студии кои што како што погоре наведов не се опфатени со истиот , поточно во делот на условите каде што треба да се внесе бројот на положени испити од претходните години на студирање и освоени вкупно ЕКТС - кредити неможат да внесат никаков податок, што од друга страна повторно го отвора прашањето како на времето кога јас бев студент , за стипендии за студентите од прва година на студии, кои што се сложувам со еден претходен коментар - се во овој случај обесправени, со неможност да аплицираат на истиот.
Еве им можност на сојузот на студентите ( место да се занимаваат со политика ) да настапат пред службите во министерството за образование и наука и да се изборат барем за во иднина и студентите од прва година да бидат опфатени со конкурсот, за што може да се изнајдат повеќе решенија на кој начин тоа ќе се изведе , преку успехот од средно образование , државната матура , дополнителни награди од учество на натпревари, спортски и други дополнителни воннаставни активности на учениците, при што после завршувањето на прва година на студии, постигнатиот успехот да биде елиминаторен за остварување на понатамошното право за продолжување на стипендијата.Кога овие предуслови се доволни и служат како критериуми за да се добие некоја меѓународна стипендија за студирање во странство ( мислам од некој странски универзитет или држава) а истите служат и како појдовна точка за добивање на стипендија од министерството за образование и наука, доколку ученикот се запише во странство на некој универзитет според листата на шангајскиот џио -тонг универзитет, зошто истото не би се спровело и овде. Мислам дека има поприлично добра основа да се разговара на ова поле и апелирам до надлежните структури при МОН да го имаат истото во предвид во своите планови за идната година и понатака, со што поприлично ќе и се помогне и на оваа категорија на студенти, и студирањето ќе им биде подостапно.
Со почит,
Домазетоски Рајко

Пратено на 25.10.16 00:01 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
dali imaat vrska godinite i toa sto sum vrabotena za stiperdija so prosek nad 9, a sum redoven student? dali iamma pravo da apliciram ili ne?

so pocit
Ljupka Stefanovska

Пратено на 25.10.16 09:03.

Прати одговор Најактивни
Одличен предлог и во потполност го подржувам предлогот.

Пратено на 26.10.16 19:04 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Се однесува на предлогот на г-дин Рајко Домазетоски.

Пратено на 26.10.16 19:05 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
zdravo, sakav da prasam za sestra mi vo koja grupa treba da aplicirame za stipendi sega e vtora godina i studira matematika so ocenka 9.7. i kolku e stipendiata za eden mesec

Пратено на 27.10.16 09:46 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Дали тие што аплицираме за втора група треба да пополниме изјава за семејна положба?

Пратено на 27.10.16 13:18.

Прати одговор Најактивни
Brucosi samo za socijalnata grupa moze da apliciraat

Пратено на 27.10.16 19:22 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Прикажани 1 - 20 од 43 резултати.
на 3

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2